Услови и правила



Почитувани Потрошувачи,

 

Пред да започнете со користењето на нашите услуги, би сакале да Ве известиме за Вашите права и обврски како потрошувач при користењето на нашите услуги. Со таа цел, сакаме да Ве замолиме убаво да ги прочитате овде истакнатите Услови на користење.

 

Користењето на нашата страница и услуги на веб продажба на food.itcrowd.mk значи дека сте запознaени со нашите услови на користење и дека во целост ги прифаќате истите. Доколку пак нашите услови за користење се неприфатливи за Вас, тогаш не ја користете оваа веб страница, како и услугите понудени на истата.

 

Податоци за компанијата:

Назив: дооел Нексроу Битола

Адреса: ул.Томаки Димитровски 37а, 7000 Битола

Контакт телефон: +389 74 222497

Веб страна: food.itcrowd.mk

Email: sales@nexrow.com


1. Политика за Приватност

 

Оваа Политика за приватност го уредува начинот на кој IT Crowd, (понатаму „Контролор“) ги собира, користи, и обработува податоците собрани од Вас како субјекти на лични податоци (понатаму Вие, субјектите или корисниците) при посета на интернет страницата food.itcrowd.mk (понатаму:”интернет страница") и/или користење на услугата за веб продажба на food.itcrowd.mk, која е детално опишана во делот насловен: “Како да купам” и “Достава”. Со пристапот на интернет страницата, потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и дека се согласувате со условите на Политиката за приватност.

 

2. Кои лични податоци ги собираме

 

При посета на интернет страницата се собираат и обработуваат Вашите лични податоци кои доброволно ги доставувате при Вашата регистрација на интернет страница (креирање на Ваш профил), и користење на услугата за online купување (нарачување на производот и плаќање на истиот). Доколку преземате било кои од овие дејствија се подразбира дека ја имате дадено Вашата согласност за обработка на личните податоци за целите за кои ги доставувате.

При Ваша регистрација на интернет страната и креирање на Ваш профил, food.itcrowd.mk ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:

  • вашето име и презиме
  • адреса
  • телефонски број
  • email

 

При користење на услугата On-line купување, food.itcrowd.mk ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:

  • вашето име и презиме
  • адреса
  • телефонски број
  • email

 

При користење на услугата Контакт во Информации, IT Crowd ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:

  • вашето име и презиме
  • email

 

При користење на услугата Newsletter (електронска пошта), IT Crowd ги обработува Вашите лични податоци, и тоа:

  • email


3. За кои цели се собираат и обработуваат Вашите податоци?

 

IT Crowd ги собира и обработува Вашите лични податоци исклучиво за целите за кои истите се дадени како што се:

 

  • овозможување на online користење на нашите услуги и производи
  • администрирање на содржината, промоциите, анкетите и други функционалности на страната, а се со цел да го подобриме нејзиниот квалитет и услугите што ги нудиме преку неа;
  • навремено информирање на корисниците за своите производи, како и за сите акции и промоции на своите производи (директен маркетинг), Ве молиме видете за повеќе детали во точка 6;
  • за реализација на online нарачките достапни на интернет страницата food.itcrowd.mk (навремена и точна испорака, наплата на цената за продадените артикли)
  • за контакт по пат на email

 

4. Давање податоци на користење на трети лица

 

Личните податоци може да бидат доставени само на надлежните органи, како и на трети лица-обработувачи со овластување дадено од страна на Контролорот и под услови и до степен дозволен со Законот за заштита на лични податоци.

 

5. Пренос на лични податоци во други држави

 

IT Crowd не врши пренос на лични податоци во трети држави.

 

6. Промена на Политиката за приватност и Условите на користење

 

IT Crowd го резервира правото во секое време и без претходна најава да може да ги промени Политиката за приватност и условите на користење. Затоа, со цел да бидете во тек со евентуалните промени, а со оглед дека тие за Вас и за нас се обврзувачки, Ве повикуваме повремено да проверувате дали таквите промени настанале.

Овие Услови на користење се толкуваат исклучиво во согласност со законите на Република Северна Македонија.



7. Политика и услови на доставување на производ и услуги

 

Оваа Политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани oд страна на нашите вработени,на адресата која е наведена во порачката.

 

Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет страницата. IT Crowd настојува да обезбеди соодветни фотографии, цени и залиха на производите, но не може да гарантира дека секогаш се без грешка.

 

За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да нѐ контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.

© 2022 food.itcrowd.mk, сите права се задржани